Омикрон досега се покажа како варијанта која предизвикува поблаги и поподносливи симптоми.
Тој влијае на горниот респираторен систем и носи симптоми кои тешко се разликуваат од обичната настинка, па луѓето често не одат ниту на тестирање. Ако сте биле болни во последно време и не сте биле тестирани – овие знаци може да укажуваат на тоа дека сте имале омикрон.
Клучни симптоми
Досега температурата, кашлицата и губењето мирис беа сигурни знаци дека имате ковид. Тоа се смени со омикрон. Сега најчести симптоми се болки во грлото или пецкање во грлото, течење на носот, главоболка, замор и болки во телото. Професорот Тим Спектор, раководител на студијата која ги следи симптомите на Ковид, вели дека секој со овие симптоми треба да се тестира.
Сите во семејството се разболеле еден по друг
Респираторните вируси се многу заразни, меѓутоа, Ковид-19 моментално е најдоминантен во светот. Исто така, се покажало дека омикронот е многу полесен за пренос од претходните варијанти и тешко е да не се зарази некој кој е во контакт со заразено лице. Значи, ако сте биле болни и сте забележале дека сите дома се разболуваат еден по друг, веројатно е омикрон.