ВУПИ ГОЛДБЕРГ била суспендирана од американско ток-шоу откако рекла дека холокаустот вклучува „две групи белци“.
ABC News објави дека Голдберг нема да се појави во нивната програма две недели по „погрешните и навредливи коментари“. Актерката и водителка за The View на ABC изјавила дека нацистичкиот геноцид врз Евреите „не бил поврзан со расата“. Голдберг подоцна се обидела да се извини и дополнително навредила многумина велејќи дека нацистите лажат и дека тие „всушност имале проблеми со етничката припадност, а не со расата“.
„Откако Вупи се извини, ја замолив да одвои време да размисли за влијанието на нејзините коментари. Целата организација на ABC News е солидарна со нашите еврејски колеги, пријатели, семејства и заедници. Овие одлуки никогаш не се лесни, туку неопходни”, рекла претседателката на ABC News, Њуз Ким Годвин за Hollywood Reporter..
Вупи се извинила по трет пат во вторникот, повторно во емисија. „Направив грешка во емисијата вчера“, рекла таа на отворањето на ток-шоуто. „Холокаустот навистина се однесуваше на расата бидејќи Хитлер и нацистите ги сметаа Евреите за инфериорна раса. Зборовите се важни, а моите не се исклучок. Жал ми е за тие коментари. Јас стојам покрај еврејскиот народ“, рекла таа.
Ова не е прв пат Голдберг да предизвикува реакции со своите коментари. Имено, таа ги бранела Роман Полански и Бил Козби откако беа обвинети за сексуална злоупотреба.
Фото: Принтскрин/YouTube