(ВИДЕО+ФОТО) Третото дете на Кејт и принцот Вилијам конечно доби име!

Денес веќе пишувавме дека многу се чека на името на третото дете на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам…Дури и по администраторски грешки се појавиле две имиња па веб страниците биле блокирани, но дојде крај и на тоа чекање…Велика Британија го доби новиот принц Луис…
И’ официјално е објавено дека најмладиот принц, инаку петти во наследната линија за престолот на Обединетото кралство, ќе се вика – Луис Артур Чарлс.
Неговото кралско височество принцот Луис од Кембриџ – гласи титулата на малечкиот принц.
Шпекулациите за името почнале веднаш по објавата дека Кејт е бремена, а кога станува збор за машки имиња, проценките на обложувалницата “William Hill” биле дека најверојатно ќе се вика Артур, Алберт, или Џек.
Според “Mirror”, Принцот Вилијам во една прилика изјавил со Кејт чекаат момче, и дека би сакал да се вика Џек. Како резултат на тоа обложувалниците го намалиле коефициентот за името Џек, па “Ladbroks” нудел коефициент 25/1.


Британската војвотка од Кембриџ на 23. април оваа година родила здраво дете тешко 3,8 килограми, петто во редот за британскиот престол и шесто внуче на кралицата Елизабета Втора.
Вилијам и Кејт се венчале во 2011. година и имаат уште две деца, 4-годишниот принц Џорџ и принцезата Шарлота, која од следниот месец ќе наполни три години, а веќе ги освојува срцата и се однесува како вистинска мала кралица.
Сите три деца се родени во истата болница, како што се и принцот Вилијам и неговиот помлад брат, принцот Хари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Pump Track натпревар 2024

За храбрите девојки и момчиња кои повеќе сакаат да прават трикови, скокови или едноставно го …