(ВИДЕО) „Еден на еден“ во недела со труби, контроверзи, писатели…

Со труби и плех музика ќе биде отворена новата епизода на Еден на Еден. Мешевски кај Жаре ја донесе ЕСО – Единицата за специјални отворања од Влада.
Во Еден на Еден неделава гостуваат и авторите на најпродаваните книги на Балканот во моментов.
Контроверзниот Марко Видојковиќ, авторот на „Сите црвенкапи се исти“, ја промовира неговата нова книга „Е баш ви фала“, во која СФРЈ не се распаднала и сега е најдобрата земја во светот со  супернапредна технологија, супернапредна наука…
Видојковиќ во Еден на Еден прави споредба меѓу нашите и српските политики, посебно во делот на Законот за трето дете, фискалните сметки, Скопје/2014 наспроти Белград на вода.
Славица Скваер, пак, е првиот тренер за невролингвистичко програмирање на Балканот. Станува збор за интересна техника која и помогнала и неа лично да го надмине распадот на бракот.
Се на се, се чини дека доста интересна и сосема поинаква „Еден на Еден“ ќе следиме во недела од 18:50 на Канал 5.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …