(ВИДЕО+ФОТО) Тајзи на оригинален начин ја промовираше „Мој живот“: И’ повторно погодува „во живец“!

Тајзи е еден од најслушаните и најпопуларни македонски изведувачи со чии бројки на прегледи на „Јутјуб“ можат да се пофалат и многу, од него, поуспешни, музичари на Балканот…
Плени тоа што Тајзи (Драган Величковски) за скоро секое видео има над 2. милиони прегледи…со што покажува дека го има „она нешто“ што и се допаѓа на публиката од овие простори…
Вчера, на својот „Јутјуб“ канал, Тајзи го промовираше новиот спот за песната „Мој Живот, моја ствар“ која е на српски јазик и носи интересна порака. Видеото е во вид на стрип и е нешто ново кое за првпат го гледаме на нашите простори.


Ова е 18. спот на македонскиот пејач, а Тајзи најавува уште пет нови песни до крајот на годината. Наскоро ќе ја слушнеме и соработката со Викторија Лоба, а во мај уште една соло песна на македонски јазик. По нив, пејачот ја најавува својата прва англиска песна која ќе излезе во
јули.

Неколку од песните се во соработка со „Балкатон продукција“ од Србија, а сите се авторско дело на Тајзи и Роберт Билбилов со кој заедно најавуваат многу изненадувања на македонската музичка сцена, како и лето исполнето со настапи низ целата земја и регионот.

Автор на текстот за „Мој живот, моја ствар“ е Драган Величковски Тајзи, додека музиката и аражманот се на Роберт Билбилов. Директор на фотографија е Илија Зоговски, асистент-Борис Јосифовски, а режијата е на Тајзи и Илија Зоговски.
Погледнете го новиот хит на Тајзи:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Спектакуларната музичка драма „Валкира“ од Рихард Вагнер во изведба на Софиската опера и балет вечерва во НОБ

Во рамките на 52-то издание на „Мајските оперски вечери“, вечерва со почеток во 18:00 часот …