(ВИДЕО) Американски маринец и најубавата Србинка во новиот спот на Боби Павловски

„Рана“ е најновото музичко остварување на пејачот Боби Павловски, кој и овој пат ја продолжи соработката со еден од нашите најдобри хит-мејкери, Лазар Цветковски.
Станува збор за една прекрасна нумера, во која како што вели Павловски ќе уживаат и млади и стари.
„Нема да бидам скромен и ќе кажам дека ова е песната за која ние музичарите ќе кажеме – тоа е тоа. Уште кога го слушнав демото, му реков на Лазар дека песната е моја и без да размислувам многу влегов во студио и ја снимив“, вели кусо и јасно Боби.

Оваа најнова песна на Павловски доби и видеоспот во кој се појавува преубавата Србинка, Бојана Бојаниќ, инаку „Мис на Србија“ и една од најубавите девојки во регионот, а како режисер на истиот се потишува Дејан Георгиев – „Арт Студио“.
„Спотот е снимен на повеќе локации, а највеќе од кадрите беа снимени во еден познат скопски хотел. Интересно е тоа што покрај Бојана во видеото се појавува и Девон Деитерс од Америка, инаку маринец по професија“,појаснува Павловски.


Погледнете го спотот:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …