(ВИДЕО) „Еден на еден“ ги угости „Ај Кју“ и МК јутјубери

Новите генерации добро знаат кои се следните гости во Еден на Еден. Во недела ќе ги гледаме Марко Марковиќ – GP и Стефан Рашковиќ – Steffonator, најпознатите претставници на една нова „Јутјуб“ култура во Македонија.
Што е јутјубер, што е она што влече илјадници деца да ги гледаат нивните видеа и се живее ли од „Јутјуб“, се само дел од темите на кои GP и Steffonator ќе зборуваат со Жаре.
Но, најпрво, во студиото на Еден на Еден, директно од аеродром, доаѓаат нашите евровизиски претставници Eye Que. Измеѓу претставувањата на „Lost and Found“ во Израел и Амстердам, Бојан и Марија зборуваат за целото евровизиско доживување и очекувањата за оваа година.
Покрај тоа, ја претставуваме и Frantics, видеоиграта на која работеше македонски тим во копродукција со „Сони“.
Не ја пропуштајте новата Еден на Еден во недела 18:50 часот на Канал 5 телевизија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …