Саботна журка и свечено отворање на Casa Bar & Beer Garden во Дебар Маало

Во нашиот главен град полека започнува летната скопска шема која сега ќе добие освежување благодарение на новата летна тераса на Casa Bar & Beer Garden.

Станува збор за одлично конципиран локал кој ќе понуди посебен шарм и прекрасен амбиент во срцето на Дебар Маало.
Добро познатиот бар е еден од омилените на скопјани за кафе под сенка, за пиво и дневно кулирање и релаксација. Ноќниот живот ќе го збогатуваат со редовни ДЏ-ски и лајв ноќни сесии. Casa Bar & Beer Garden е модерно урбано место кое својата приказна продолжува да ја гради заедно со своите посетители.
Познат локал на стара локација во ново руво, Casa Bar & Beer Garden ги повикува сите на едно заедничко саботно дружење и отворање на топлата сезона со одлична и незаборавна забава!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гостувањето на Катерина Бабкина една од најуспешните современи украински писателки

Артконект со задоволство го најавува гостувањето на Катерина Бабкина, една од најуспешните современи украински писателки, …