Музичка Младина за маестро Ѓумар на 22.април 2018 во Македонска филхармонија

Концерт на Камерниот Оркестар на Музичка Младина на Македонија во чест на својот долгогодишен соработник, еден од најзначајните и најистакнати диригенти и професори Саша Николовски-Ѓумар (1966-2017).
Камерниот Оркестар на МММ низ својата богата историја остварува бројни успеси низ најпрестижните музчки центри во Европа.
Концертот ќе се реализира под раководство на една од најперспективните диригенти од младата генерација – Дијана Имери Илкоска, која по дипломирањето во класата на проф. Саша Николовски-Ѓумар бележи бројни успеси и соработки со престижни оркестри и ансамбли како Македонската
Филхармонија, Македонска Опера и Балет, Оркестар и Хор на Бугарското Национално Радио, Камерниот Оркестар на МММ, Камерниот и Симфонискиот Оркестар на ФМУ, Мешаниот Хор при ФМУ и други престижни ансамбли.
Како гостин-солист на концертот ќе настапи еден од нашите најбарани пијанисти со европско реноме – Дино Имери, кој ќе го изведе Концертот бр.4 од Л. ван Бетовен веднаш по своите гостувања во Загреб (каде потпиша ексклузивен договор со менаџерската куќа Кристофориум Арт) и
Софија (каде по трет пат соработува со престижната Софиска Филхармонија). На останатиот дел од програмата ќе бидат изведени композиции од Ј. С. Бах и В. А. Моцарт.
Концертот се реализира во организација на Музичка Младина на Македонија и Македонската Филхармонија.
ПРОГРАМА:
– Ј. С. Бах – Арија
– В. А. Моцарт – “Eine Kleine Nachtmusik”
– Л. ван Бетовен – Концерт за пијано и оркестар бр.4 во G-dur (арр. за гудачки оркестар на В. Лахнер)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …