(ФОТО) Елтон Џон „извисил“ – не добил покана за кралската свадба!

„Би сакал да бидам на венчавката за да ги видам бидејќи мислам дека се среќни“ истакнал музичарот кој бил близок пријател на починатата принцеза Дијана и пеел на нејзиниот погреб…
„Ако ме прашаат да пеам на венчавката, ќе пеам, но сеуште немам добиено ниту покана“ истакнал пејачот Елтон Џон (72) за британскиот таблоид Daily Mirror.Иако од палатата Кенсингтон се пофалиле со изгледот на поканите уште на 22. март и истакнале дека ги испратиле, се чини дека „заборавиле“ на Елтон.
„Би сакал да бидам на венчавката за да ги видам бидејќи мислам дека се среќни“ истакнал музичарот за кого порано се шушкало дека ќе биде еден од музичарите кои ќе имат чест да настапат на кралската венчавка на принцот Хари (33) и бившата глумица Меган Маркле (36) која ќе се случи на 19. мај во капелата Св. Џорџ во дворецот Виндзор.
Елтон бил близок пријател на починатата мајка на Хари, принцезата Дијана и пеел на нејзиниот погреб, а поради свадбата откажал бројни концерти во Лас Вегас. Истакнал дека Дијана би била среќна порди „дојденката“ во семејството, Меган.


„Би се гордеела со Хари и неговата идна сопруга. И јас се гордеам со нив. Тие се фантастични суштества“ рекол Елтон. Неодамна го фалел принцот дека има иста “ретка дарба“ како неговата почината мајка, а тоа е лесно да се поврзува со луѓето.
„Луѓето го сакаат Хари. Тој е млад и токму како Дијана разговарајќи со граѓаните им дава чувство дека се сакани и се чувствуваат важни. Прекрасна е таа способност“, раскажал музичарот. Принцот тргнал по „стапките на мајка си“ и по тоа што ја крева свеста за СИДА-та, а тоа го прави и Елтон со својот сопруг, филмскиот продуцент Дејвид Фурниш (55).
„Фантастично е тоа што го прави бидејќи дојде до пораст на та болест меѓу младите и адолесцентите“ рекол своевремено Фурниш. Елтон и продуцентот се венчале во 2014. година а ги имаат синовите Закари (70 и Елаја (5).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …