(ВИДЕО+ФОТО) Уште два месеци до породувањето: Ева Лонгорија во тв шоу открила долго криена тајна!

Ева Лонгорија со сопругот Хозе Бастон го чела првото дете, а до породувањето и останале уште два месеци.
Глумицата за гостувањето кај Џими Кимел избрала тесен, бел фустан, кој го истакнал нејзиниот труднички стомак. Носела и наметка во иста боја, а не се откажала ниту од високите штикли.
Ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“, 43. годишната Ева Лонгорија во гостувањето кај Џими Кимел открила некои, до сега, непознати детали за серијата „Очајни домачинки“ која се снимала полни осум години.
Со оглед на тоа дека во последно време е актуелно да се собираат екипите на најголемите телевизиски успешници и да се снимат нови продолжувања, токму како што моментално се случува со хумористичнта серија „Розан“, Кимел го интересирало дали има шанси „домаќинките“ повторно да се соберат.


„Тоа прашање се провлекува во сите интервјуа, но никој од ЕјБиСи не предложил такво нешто. Но, од друга страна, снимавме скоро цела деценија и тоа по 24. епизоди на година. Мислам дека тоа е сосема доволно“ рекла Ева Лонгорија, а Кимел веднаш се надоврзал со смеа но и со прашањето дали можеби глумиците, кои глумеле во „Очајни домаќинки“ денес не се поднесуваат, реферирајќи се на Тери Хачер, фелисити Хофман и Марсија Крос.
„Не! Фелисити и Марсија ќе бидат присутни на откривањето на мојата ѕвезда на холивудскта Патека на славните, а Фелисити дури ќе одржи и’ говор. Ние сме многу добри пријтелки“ признала Лонгорија, а потоа додала дека не е добра со сите туку со 99 проценти од нив.
Имено, како што неодамна се пишувало, четирите глумици сепак не се согласувале добро, а за време на снимањето „лошата“ била Тери Хачер, со која останатите три не се согласувале добро.Наводно на снимањето на насловната за Vanity Fair уште во 2005 година Марсија Крос и Ева Лонгорија се заканиле дека ќе го напуштат снимањето ако мораат да позираат со Тери Хачер во средина.
Иако во седмиот месец на бременост, глумицата и понатаму работи, но моментално како режисер во драмата „Гранд Хотел“ на ЕјБиСи.
Инаку, нејзиниот сопруг, Бастон, е веќе татко на три деца – 22. годишната Натали и 14. годишните близнаци Мариен и Хозе, кои ги добил во брак со претходната сопруга Наталиа Есперон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …