(ВИДЕО+ФОТО) Скандалозно видео кое го шокирало светот: Голи мажи и жени се бркале во гасна комора во концентрационен логор – „исмејување на жртвите од Холокаустот“

„Уметничката инсталација“ која што прикажува голи мажи и жени како си играат брканица во гасна комора во поранешен нацистички концентрационен логор, предизвикал шок и згрозување кај луѓето кои што го преживеале тој хорор.
Сето тоа се случило во концентрациониот логор „Стутхоф“ во близина на полскиот град Гдањск и сниманото видео било подоцна прикажано во Музејот на современа уметност во Краков во 2015. година, пренесува “Daily Mail”.
На видеото можело да се види како голи мажи и жени се бркаат наоколу во поранешна гасна комора во која што нацистите убиле околу 65. илјади Евреи за време на Втората светска војна.Видеото било снимено на две локации кои не биле откриени.
Видеото било објавено во Музејот на современа уметност во Краков како „уметничката инсталација“ со назив „Полска-Израел-Германија: Искуствата од Аушвиц“, од музејот не објавиле на која локација е снимена сцената со „бркотниците“ на голите мажи и жени.
Неколку организации сега директно го контактирале полскиот претседател од кого бараат образложение како може да се случи еден ваков скандал. Скандалозното видео можете да го погледнете ТУКА
Инаку, пред само неколку седмици двајца поранешни стражари од тој логор биле обвинети за соучешништво во убиство додека работеле во истиот логор за време на Втората светска војна. Обвиненија биле подигнати против 93.годишно лице од Боркен кој што служел во „Стутхов“ од 1942. до 1944. и 92.годишно лице од Вупетал кој што служел во логорот од 1944. до 1945.година.
И’ двајцата стражари знаеле дека во логорот во кои што се проценува дека биле убиени околу 65. илјади Евреи, се вршеле брутални убиства – дел во гасни комори, а дел со изгладнување или премрзнување.
Припадници на „СС“ дивизиите убиле над 100. полски и 77. советски заробеници во тој логор во 1944. година, а до крајот на истата година биле убиени и непознат број на Евреи. „СС“ докторите и сестрите таму убиле околу 140. затвореници од кои и жени и деца, така што во срцата им вбризгувале бензин и хемикалија фенол од 1942. до 1944. година.
Советската армија го ослободила концентрациониот логор на 9.тти мај 1945. година, на истиот ден на падот на Берлин.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на полското дуо Siksa во Котур

Вечерва, со почеток во 21:30 часот, во Котур, ќе може да го проследите концертот на …