(ФОТО) Дождот го зголеми нивото на реките: Вардар се излеа кај Влада!

Поради дождот кој од вчера паѓа, со вообичаен интензитет за овој период од годината, утрово реката Вардар се излеа од своето корито во центарот на Скопје.
Од Центарот за управување со кризи, известуваат дека изминативе 24. часа на територијата на Република Македонија новите врнежи од дожд ги зголемија водостоите на сите водотеци во земјата, а особено покачување се бележи на водотеците од западниот дел на земјата.
Поради високите водостои на одредени критични места можна е појава на излевање на реките р.Радика, р.Црн Дрим, р.Сатеска, р.Вардар – горен тек, како и нивните притоки. Поради тоа предупредуваме на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците, стои во соопштението на ЦУК.
Времето во Македонија денеска ќе биде облачно на повеќе места со обилни врнежи од дожд, кои ќе бидат најобилни во западните и источните делови каде локално се очекува да наврнат над 50. литри на метар квадратен.
Но, обилните врнежи од дожд во текот на ноќта го зголемија нивото на реките. Според фотографиите кои утрово стигнаа до редакцијата на Скопје Инфо, нивото на реката Вардар е критично во близина на Градскиот парк во Скопје и реката е на граница на излевање во овој дел од градот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …