(ВИДЕО+ФОТО) Се сеќавате ли на него? Фаца од тв серијата „Сексот и градот“ е непрепознатлив

Освен во серијата на ХБО, Норт се истакнал и во серијата „Закон и ред“. После второто продолжување на „Сексот и грдот“ не остварил позначајна улога и го променил изгледот
Крис Норт (63) бил сон на скоро секоја обожавателка на серијата „Сексот и градот“. Го играл маркантниот Фаца поради кого Кери го губела разумот секој пат кога би го сретнала, а во шестата сезона се разделувале па се смирувале за да дури на филмското платно се обидат да ја озаконат својата врска…


Освен во серијата на ХБО, Норт се истакнал и во серијата „Закон и ред“. После второто продолжување на „Сексот и градот“ не остварил позначајна улога и го променил изгледот. Имено, глумецот веќе некое време носи мустаќи, а не се срами да ги покаже ниту седата коса и брада.
Неодамна папараците го фатиле додека од пекарница си тргнал дома. Носел црвени папучи и тренерка, а во раката имал бастун.

NYC – October 25, 2017 #ChrisNoth #NYC #MrBig #SATC #SexAndTheCity


A post shared by Chris Noth News (@chrisnothnews) on


Пред пет години се оженил со глумицата Тара Вилсон (35) а двојката во 2008. година го добила синот Орион Кристофер.
Иако улогата на Фаца му донела светска слава, Крис Норт баш и’ не се гордее со фактот дека луѓето го памтат поради таа улога. Еднаш ја коментирал романсата помеѓу Кери и Фаца.
„Нивната врска едноставно не функционираше. Тој се ожени, а таа се сврте на други фраери, колку ли ги имаше? Кери беше таква ку***“ рекол Норт кој моментално игра во серијата „Gone“.
Иако неодамна се пишуваше дека филмот ќе добие трето продолжуавање, поради каприците на Ким Катрал се’ се одложи…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …