Оливер Драгојевиќ го доби најубавиот божиќен и новогодишен подарок:Туморот намален а тој се подготвува за пролетни концерти!

Како што веќе пишувавме Оливер Драгојевиќ за Божик беше пуштен дома и деновите ги минува со семејството. Тој е голем оптимист…
„Последните наоди од прегледите кажуваат дека туморот е многу намален и засега нема потреба од хемотерапија или зрачење.Јас се чувствувам добро и среќен сум што сум со семејството. Размислувам и за концерти на пролет, секако, ако и понатаму се чувствувам вака добро“ изјави Оливер Драгојевиќ за RTL.
„Оливер е добар. Хемотерапијата е завршена, а набргу ќе почне со имунотерапија. Лекувањето е успешно, туморот е намален“, рекла неговата сопруга Весна за хрватскиот портал 24sata.hr.
И’ неговиот пријател Ненад Дробњак се огласил во медиумите истакнувајќи дека сите се во позитивен шок од опоравувањето на Оливер и неговите планови…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата позната пејачка Тања Царовска

Тања Царовска е родена на 19 март 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …