(ФОТО) Здравствената состојба на Шакира многу полоша – одложени сите концерти!

„Се надевав дека гласните жици ќе ми се опорават, но на повредата и треба подолго време за да зарасне“

Колумбиската пејачка Шакира преку порака на своите профили на „Инстаграм“ и „Фејсбук“ им се извини на своите фанови што ќе мора да ја одложи турнејата „Ел Дорадо“ до јуни 2018. година поради проблеми со гласот. Според лекарите, нејзините гласни жици и понатаму крварат, а состојбата е посериозна отколку што мислеле на почетокот.
„Ви се заблагодарувам на сите за поддршката во овие тешки денови. Вашите пораки ми помогнаа да издржам и се надевам дека ќе се видиме наскоро“, напиша таа меѓу другото во пораката.
„Се надевав дека гласните жици ќе ми се опорават, но на повредата и треба подолго време за да зарасне“ дополнила колумбиската пејачка.
Таа има засилено крварење на гласните жици па поради тоа европскиот дел од турнејата е одложен за лето, а американскиот на есен.


A post shared by Shakira (@shakira) on


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …