(ВИДЕО+ФОТО)  Премиерата на „Јас, Тониа“ во сенка на секси фустанот на Марго Роби

27. годишната глумица Марго Роби последните денови е секаде, а повод е промовирањето на нејзиниот нов филм „Јас, Тониа“.
Филмот е биографска драма за славната лизгачка Тониа Хардинг, која имала многу интересен и бурен и’ приватен и’ професионален живот.
А, синоќа во Лос Ангелес била одржана премиера на која сите погледи биле вперени токму на Марго и нејзиниот секси фустан.
Станува збор за фустан со златни лушпи, со длабоко деколте, висок шлиц и гол грб, но убавицата го носела толку добро што на неа воопшто не изгледал вулгарно.
Иако со недели се шушка дека глумицата го очекува своето прво дете со сопругот Том Акерли, со кој се венчала во строга тајност и кој синоќа и бил поддршка, стомачето не се наѕирало, напротив.Се чинело дека Марго е во уште подобра форма од обично.
Глумицата во струкот стегнала и црн каиш, а на нозете имала сандали за кои се чини дека ги има секоја холивудска дама. Глумицата со задоволство позирала и со лизгачката, а колкава е сличност меѓу нив можете да погледнете во видеото.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …