(ВИДЕО+ФОТО) Џенифер Анистон ја покажала внатрешноста на својот луксузен дом


Глумицата Џенифер Анистон не ги користи социјалните мрежи и така не го открива секој сегмент од својата интима. Но, за време на снимањето на новата реклама за познатата американска вода сепак ги отворила вратите на својот луксузен дом во Калифорнија и го покажала на јавноста
Ѕвездата на хит серијата „Пријатели“ веќе неколку години со сопругот Џастин Тиеру живее во вила вредна 20. милиони долари, на Бел Ер.
Низ неколку фотографии покажала дека нејзината куќа е уредена во стилот на стариот Холивуд но со модерни детали и најквалитетни и најскапи материјали.При уредувањето на вилата соработувала со престижниот архитект Стивен Шедли, заслужен за дизајнирање на многу домови на славните.


Главна карактеристика на ентериерот е таканаречениот „open space“ (отворен простор) кој куќата ја прави целина без затворени заеднички простории.
Освен тоа Џенифер сакала тропско доживување во својот дом, кое во исто време ќе делува смирувачки, а по потреба и забавно. Поради тоа внатре во својата мала резиденција има мал рибник кој, признава, ја прави многу среќна.

https://www.instagram.com/p/BcSG2AplmI7/


Прво открила како изгледа нејзината кујна, во која главно превладува сивата боја со детали на дрво, а она што посебно ги изненадило фановите биле бројните готвачи, во позадина. Имено, симпатичната глумица во една пригода открила дека скоро никогаш не готви. Оваа кујна е посебна и по тоа што има голема фурна за пица, но и „остров“ кој доминира со просторот.

https://www.instagram.com/p/BcSidCvlAzO/


После кујната Анистон го покажала дневниот престој кој е многу свеж. Пространиот сив кауч го заземал централното место во просторијата. Деталите се главно со златна боја а Џенифер се погрижила да има и доволно растенија.

https://www.instagram.com/p/BcSVcCDFT_X/

Исто така, како многу друштвено лице, глумицата својот простор го прилагодила и за големи забави. Така во десниот дел гледаме клавир околу кој често се собираат пријатели и колеги.

https://www.instagram.com/p/BcS999slZsa/

https://www.youtube.com/watch?v=U0dvtuXA8O8

Како и секоја жена така и ова 48. годишна глумица за своите потреби издвоила посебно место, а тоа се шминката и гардеробата.

https://www.instagram.com/p/BcSv6I3F52U/

На една фотографија убаво се гледа дека Џенифер има и свое катче за мејкап.
На крај е прикажана и раскошната градина во која најмногу уживаат нејзините три кучиња. Славниот пар, освен луксузно уредената внатрешност богато го опремил и надворешниот дел.

https://www.instagram.com/p/BcTLL4YFxig/?taken-by=smartwater

Во видеото, во кое се гледа како Џенифер си игра со своите миленици, се истакнува терасата кој е заградена со стакло, од која се пружа прекрасен поглед на Лос Ангелес.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Еден од најочекуваните филмови оваа година, „Jay Kelly“ со Адам Сендлер и Џорџ Клуни, пристигнува на 5 декември

Еден од најочекуваните филмови оваа година, „Jay Kelly“, го обединува она што ретко го гледаме …