(ГАЛЕРИЈА) Клуни ги донел близнаците во Лос Ангелес: „Каков татко ќе бидам ако не си ги извалкам рацете и менувам пелени!“

После повеќемесечниот престој во Европа, холивудскиот глумец со сопругата Амал и близнаците Ела и Александер се вратил во Лос Ангелес. Четиричленото семејство на аеродромот ги пречекале блиските пријатели, сопружниците Синди Крафорд и Ренде Гербер
Откако во почетокот на јуни станал татко на близнаците Ела и Александер, холивудскиот глумец Џорџ Клуни и тоа како научил да балансира и да ги задоволи сите страни – и’ семејството и работата. Иако говорел дека поради сопругата и децата ќе го напушти актерскиот свет, на радост на бројните обожаватели ширум светот тоа сеуште не го направил.
Така неодамна потпишал договор да глуми, но и режира, телевизиска верзија на „Квака 22“, во шест продолжувања, што сигурно ќе му одземе многу време. Поради тоа Клуни се нашол во проблеми, како сето тоа да го усклади со обврските на татко.
„И’ менувањето пелени е моја работа. Која е поентата да бидеш родител ако не си ги извалкаш рацете, барем малку? Во тоа е поентата“ рекол Клуни кој оваа недела со 39. годишната сопруга и близнаците со приватен авион се вратил во Лос Ангелес.
На аеродромот ги дочекале нивните блиски пријатели – брачната двојка Синди Крафорд и Ренде Гербер – и на најдобар можен начин им посакале добредојде.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …