(ФОТО) Дречливо издание во кое само Ирина Шајк може да изгледа секси

Новопечената мајка, Ирина Шајк,изгледа како никогаш да не родила – совршено!
Како и успева тоа?
Новопечената мајка, Ирина Шајк,изгледа како никогаш да не родила – совршено!И’ додека тато Бредли Купер миленичката ја чува дома, преубавата мајка одработува бројни модни евенти.
Откако прексиноќа на доделувањето на наградите Fashion во Лондон „ја избришала“ конкуренцијата во фустан кој ги истакнувал сите нејзини атрибути, синоќа блеснала и на отворањето на дуќанот на Версаче, исто така во британската престолнина.
Овојпат занесната Русинка се појавила во дречлив фустан во какви инаку не сме ја виделе, но и во такво издание успеала сите да ги засени.
Станува збор за кус фустан со принт на Мерилин Монро на славниот Енди Ворхол и високи чизми со истиот мотив кои во прв план ги ставиле нејзините неверојатно долги нозе. А, за да комбинацијата биде уште по дречлива, Ирина во раце ставила и минијатурна ташна во прекрасна боја на циклама.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …