Џони Холидеј, „францускиот Елвис“, починал на 74. години


Џони Холидеј, пејачот познат под прекарот „француски Елвис“, кој го популаризирал рокенролот во таа земја, починал во 74. година после долга борба со рак на белите робови, известила денес, неговата сопруга, глумицата Летиција Халидеј (42).
„Џони не напушти. Ги пишувам овие зборови не верувајќи. Сепак, вистина е. Мојот маж повеќе не е со нас“ рекла Летиција. Од канцеларијата на францускиот претседател, Емануел Макрон, е соопштено дека Холидеј повеќе од 50. години бил вистинска музичка икона.


Холидеј, во текот на долгогодишнта кариера продала повеќе од 100. милиони плочи, а неговиот рапав глас му донел војска следбеници во Франција но и во франкофонското говорно подрачје. Првата плоча ја издал во 1959. година, а минатиот месец во текот на подготовките за новиот албум и турнеја биле објавени вестите за неговото лекување во париската болница поради тешкотии со дишењето.
Џони Холидеј е роден како Жан-Филим Смет во Париз на 15. јуни 1943. година. Исклучително популарен станал во 1960.ттите години, како француска верзија на Елвис Пристли, бил и најголем изведувач на рокенролот во Франција изведувајќи ги на француски јазик најголемите хитови на американските пејачи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бен Афлек открива дека неговите деца имаат класични тинејџерски работи: „Постарото дете работи во продавница“

Бен Афлек ги споделува своите размислувања за одбивањето да купи патики од 6.000 долари на …