(ВИДЕО+ФОТО) Познати личности кои донирале огромни суми за настраданите во пожарот во Лос Анџелес

Додека пожарите сè уште се шират низ округот Лос Анџелес, оставајќи огромни штети по нив, голем број познати личности донирале средства за помош. Илјадници луѓе останаа без покрив над главата откако нивните имоти беа уништени во пожарите, а најмалку 24 лица ги загубија животите.
Во меѓувреме, некои познати личности се вклучија за да одговорат на кризата. Од Леонардо ди Каприо до Металика, еве список на луѓе кои донирале или планираат да донираат за жртвите од оваа катастрофа.

Бијонсе – 2,5 милиони долари
Бијонсе донирала 2,5 милиони долари за помош на погодените од пожарите во Лос Анџелес. Таа, исто така, одложила важна објава поради почит кон жртвите.
Таа на Инстаграм напишала: „Најавеното соопштение за 14 јануари ќе биде одложено поради катастрофата предизвикана од шумските пожари во областа на Лос Анџелес. Продолжувам да се молам за исцелување и обновување на семејствата кои страдаат од траума и загуба“.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by BeyGOOD (@beygood)


Во описот на објавата било наведено дека донацијата е направена преку нејзината фондација BeyGood. „Фондот за помош на пожари BeyGOOD LA донираше 2,5 милиони американски долари за директна поддршка на семејствата бездомници и организациите од првите редови. Ве молиме придружете се во поддршката колку што можете повеќе“, се вели во објавата.

Леонардо ди Каприо – 1 милион долари
Оскаровецот, кој пораснал во Лос Анџелес, најавил донација од 1 милион долари во соработка со неговата организација Re:wild, за која вели дека е „уникатно позиционирана да одговори на еколошки катастрофи и вонредни ситуации“.

„Пожарите во Лос Анџелес го уништуваат нашиот град“, напишал тој на својата приказна на Инстаграм. „Се обврзувам да донирам 1 милион американски долари преку програмата Rapid Response Re:wild за поддршка на итни потреби и обновување после пожарите. Првичната помош ќе биде насочена кон организации како што се LA Fire Department Foundationa, California Fire Foundationa, World Central Kitchena, California Community Foundationa, Pasadena Humane Societyja i SoCal Fire Fund – кои ги обезбедуваат многу потребните ресурси за нашите пожарникари, луѓето, животните и заедниците на кои им се најпотребни“, рекол тој.

Ева Лонгорија – 50.000 долари + 1 милион долари
Ева Лонгорија преку Instagram Reels објави дека ќе ја поддржи организацијата This Is About Humanity со донација од 50.000 долари. Во видеото таа истакнала дека пожарите се „погубни за многу луѓе“. Донирала и облека и други потреби.
„Моето срце се кине за Лос Анџелес и разорните пожари кои влијаеле толку многу животи. Лично ќе дадам донација од 50.000 американски долари за поддршка на работниците од првите редови, фармите, дневните работници и семејствата погодени од овие пожари“, напишала таа во описот на постот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

Дополнително, Лонгорија донирала 1 милион долари на Latino Community Foundation и California Community Foundation за реставрација на дивината.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот сликар Јован Шумковски

Јован Шумковски е роден на 18 јануари 1962 година во Скопје. Тој е македонски сликар …