„Куќа на духовите“, детско-играна претстава

Во Театарот за деца и младинци во Скопје, вечерва, со почеток во 19:00 часот, ќе биде изведена детско-играната претстава „Куќа на духовите“.

Автори – Горјан Милошевски и Деан Дамјановски
Режија – Деан Дамјановски
Драматург-Горјан Милошевски
Сценографија – Филип Коруновски
Костимографија – Елена Вангеловска
Музика – Горан Трифуновски – Пајак


Две деца, едното плашливо, а другото голем инат, го бараат нивниот исчезнат татко во „Куќата на духови“. Тие почнуваат голема, смешна но и многу опасна авантура во една навистина стара, мрачна и голема куќа преполна со тајни соби и ходници и секакви изненадувања. Единственото нешто кое го имаат како патоказ е стариот дневник на нивниот татко кој исчезнал истражувајќи ја чудната куќа. Секој има свој пат и свој начин. Веда, ќерката среќава многу необични ликови, духовите на некои познати луѓе. Јаков, братот, лута изгубен во непредвидливите лавиринти на куќата и се вплеткува во смешни, несекојдневни, бизарни збрки. Потребно е братот и сестрата прво да се најдат и потоа да откријат што навистина се случило со нивниот татко, Ѕвездан. Што всушност крие куќата? Каква тајна? Какво проклетство? Дали постои клуч, некаков спас и решение?
Куќата на духови замислете ја како еден возбудлив дел од голем забавен парк. Во неа ве очекуваат непредвидливи случки и смешни стапици. Заедно со Јаков и Веда, сите одиме на пат во кој тие совладуваат неверојатни пречки. Низ тој пат следиме уникатна и многу забавна битка меѓу доброто и злото.

Играат:
Ангела Димитрова
Петар Стојанов
Мики Анчевски
Винета Дамческа Мојаноска
Никола Наковски
Емра Куртишова Стојанова
Симона Спировска
Марија Ѓорѓијовска


Наменета за возраст од 8+
Времетраење: 65 мин.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Професорите садат” – продолжува традицијата за збогатување на дендропаркот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем” во Скопје

Во текот на вчерашниот ден се изведе дополнување на дендропаркот во Скопје со нови видови …