Бројни ефекти – Прогласена за најдобра исхрана во 2025 година: Зошто треба да ја практикувате

U.S. News & World Report објави кој е најдобриот тип на исхрана во 2025. Имено, овој наслов го понесе медитеранската диета. Долги години ја победува конкуренцијата.
Одлуката ја донеле 69 експерти и се воделе според следните критериуми: хранлива вредност, здравствени ризици и придобивки, долгорочни ефекти и ефективност врз основа на докази, наведува CNBC.

Медитеранската исхрана е исклучително здрава за срцето. Исто така го спречува дијабетесот тип 2. Ги содржи следните намирници: овошје, зеленчук, цели зрна, јаткасти плодови, здрави масти, риба, живина.


Го регулира внесувањето на слатки, преработена храна и црвено месо. Овој тип на исхрана е инспириран од навиките во исхраната и традиционалната храна типична за Крит, поголемиот дел од остатокот од Грција и јужна Италија.


Многумина почнале да го практикуваат во 1960-тите. Покрај горе наведеното, медитеранската исхрана е поврзана и со помал ризик од депресија. Сепак, треба да имате предвид дека содржи и поголемо количество глутен, па затоа внимавајте кога консумирате храна која го содржи, како леб и тестенини.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНА НАЈАВА: Од вторник (11 февруари) попладне снег во западните и во југозападните предели!

Ладното време ќе продолжи и во текот на новата седмица, меѓутоа, од вторник попладне, па …