(ВИДЕО) Први реагирале на пожарот – Брус Вилис и покрај болеста не се „изгубил“: Застанал и се заблагодарил на полицијата во Лос Анџелес

Брус Вилис им се заблагодарил на американските полицајци кои биле меѓу првите кои помогнале во гаснењето на пожарите во Лос Анџелес на редок јавен настап откако беше откриено дека боледува од афазија и деменција.
Актерот можел да се види како се ракува и разговара со полицајците на видеото објавено на Инстаграм од неговата сопруга Ема Хеминг Вилис.
Хеминг Вилис објаснила дека Брус забележал полицаец чија работа подразбира прв да реагира во случаи на катастрофа како онаа што го снајде Лос Анџелес.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Emma Heming Willis (@emmahemingwillis)


„Тој никогаш не пропушти можност да ја покаже својата благодарност со срдечно ракување и зборовите: ‘Ви благодариме на вашата служба’“, напишала таа покрај црно-белото видео.
Таа додала дека оваа средба не била исклучок. Во клипот, кој беше објавен заедно со „Going to California“ на „Лед Цепелин“, Вилис носел светло кадифена јакна и темни панталони, кои ги споил со бејзбол капа од New York Yankees.
Талула Вилис, неговата најмлада ќерка со поранешната сопруга Деми Мур, била воодушевена од глетката, изјавувајќи дека нејзиното срце е полно. Исто така, на мрежите корисниците напишале дека се воодушевени што и покрај болеста не се изгубил себеси.
Семејството на актерот ја објави неговата дијагноза на афазија во март 2022 година, притоа велејќи дека жалат што „заминал од кариерата што му значела толку многу“.
Афазијата може да влијае на способноста на лицето да зборува, пишува и разбира јазик, и вербално и писмено, и обично се јавува по мозочен удар или повреда на главата.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Професорите садат” – продолжува традицијата за збогатување на дендропаркот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем” во Скопје

Во текот на вчерашниот ден се изведе дополнување на дендропаркот во Скопје со нови видови …