Денес започнува Зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион

Зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион, заеднички проект на водечките регионални филмски фестивали (ИФФК „Браќа Манаки“, Сараево филм фестивал, Фестивал на авторски филм Белград, Љубљански меѓународен филмски фестивал, Загреб филм фестивал и Филмски фестивал Херцег Нови), почнува денес со бесплатни проекции на регионални филмови во кината во Битола, Скопје, Сараево, Белград, Загреб и Љубљана.

На отворањето на Зимското издание ќе биде прикажан филмот „Екскурзија“ во 20 часот во 3Д киното на Центарот за култура во Битола и во кино салата на Кинотека во Скопје.


Пред почетокот на филмот, ќе биде одбележан почетокот на Зимското издание, а по проекцијата во Кинотека ќе се одржи разговор со кинематограферот на филмот Матијас Пилц.

Бесплатните влезници за проекцијата можете да ги резервирате на билетарниците на двете кино сали.


Доколку не успеете да го погледнете „Екскурзија“ во кино, ќе имате можност да го погледнете бесплатно на платформата: https://ondemand.kinomeetingpoint.ba/ од 18. до 26 јануари.

Се гледаме на отворањето на Зимското издание!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Професорите садат” – продолжува традицијата за збогатување на дендропаркот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем” во Скопје

Во текот на вчерашниот ден се изведе дополнување на дендропаркот во Скопје со нови видови …