На шампионатот што ќе трае до 2 февруари ќе учествуваат 32 репрезентации поделени во осум групи. Помеѓу нив е и македонската репрезентација. Македонија е во групата Д во Вараждин каде покрај нас сè уште и селекциите на Унгарија, Холандија и Гвинеја…
Со натпреварот Италија – Тунис, вечер од 17:30 часот во Пореч, Хрватска ќе почне 29-от ракометен Мундијал.
Покрај Хрватска, ко-домаќини на Светското првенство ќе бидат и Данска и Норвешка.
На шампионатот што ќе трае до 2 февруари ќе учествуваат 32 репрезентации поделени во осум групи. Помеѓу нив е и македонската репрезентација. Македонија е во групата Д во Вараждин каде покрај нас сè уште и селекциите на Унгарија, Холандија и Гвинеја.
Најголеми фаворити за медалите се олимписките и трикратните последователни светски шампиони Данците. Нивни конкуренти ќе им бидат европските шампиони Французите, олимписките вицешампиони Германците, како и Швеѓаните, Хрватите, Норвежаните, Шпанците.
Титулата ја брани Данска која атакува на четвртиот наслов во низа.
Македонските репрезентативци на теренот ќе истрчаат утре(15.01) кога од 20.30 часот ќе го играат натпреварот со Унгарија.
Во продолжение ви ги претставуваме македонските репрезентативци:
Фото: Принтскрин/Facebook