(ВИДЕО) Го навредувал Ѓоковиќ среде ТВ пренос: Брука и срамота за водителот, ова не би смеел да го каже за Рафа и Роџер!

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија Опен, а водителот Тони Џонс среде емисија го навредувал …
Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија Опен. Во третото коло го одигра најдобриот меч на турнирот до сега и го совлада Томаш Махач (6:1, 6:4, 6:4). По еден ден пауза го чека судир со Јиржи Лехечка, а пред сето тоа еден водител жестоко се обрукал и тоа среде емисија.


Додека фановите на српскиот тенисер зад него пееле и ја славеле големата победа, Тони Џонс го навредувал Новак. Дали тоа било обид да се биде духовит или нешто друго, тоа навистина не е важно. За ваквото однесување дефинитивно нема место на телевизија, особено не кога се зборува за најдобриот тенисер на сите времиња. Веројатно вакво нешто не би смеел да каже за Роџер Федерер или Рафаел Надал.
„Гледате во Мелбурн парк како фановите на Новак пеат. Новак е преценет, времето на Новак измина. Извадете го Новак надвор. Мило ми е што не можат да ме слушнат”, рекол водителот Џонс.

Погледнете како изгледа сето тоа:


Фото: Принтскрин/X

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена

Оркестарот на Македонската филхармонија на 28 октомври ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една …