(ВИДЕО+ФОТО) Некралски манири на принцот Вилијам: На собраните фотографи им „покажал“ среден прст!

Принцот последните денови, како што тврдат британските медиуми, се држел многу храбро, со оглед на навалицата од љубопитници кои ги окупирале Лондон и болницата, а папараците пред болницата успеале „да го уловат“ во незгоден момент.
На семејство со повеќе деца им треба поголем автомобил, а дека ниту кралското семејство не е исклучок вчера покажал принцот Вилијам (35). Британецот по својата сопруга, војвотката Кејт Мидлтон (36), пред болницата дошол со нов автомобил кој, како што вели, го купиле поради раѓањето на третото дете.
Со оглед на тоа дека породувањето минало добро, Кејт со новородениот син болницата „Света Мери“ ја напуштила веќе приквечер, а Вилијам по нив дошол во нов „Ленд Ровер Дискавери“ со седум седишта кој чини 60. илјади фунти.


Двојката на момент запрела да го покаже бебето и да ги поздрави собраните луѓе, а потоа си заминале со бебето во автоседалка. Инаку, кога им се родил принцот Џорџ (4) двојката дошла во нешто помал, но поскап „Ленд Ровер -SE Vogue 4.4 V8“ кој чинел околу 71. илјади фунти.
Принцот последните денови, како што тврдат британските медиуми, се држел многу храбро, со оглед на навалицаа од љубопитници кои ги окупирале Лондон и болницата, а папараците пред болницата успеале „да го уловат“ во незгоден момент.

Додека на собраните луѓе со прсти им го сигализирал бројот три, со што сакал да им каже дека сега има три деца, фотографите го уловиле од незгоден агол.
Така излегло дека тој на собраните им покажува среден прст, што принцот себе никогаш не би смеел да си го дозволи. Со тоа насмеал бројни обожаватели кои почнале да се шегуваат на сметка на фотографијата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …