(ВИДЕО+ФОТО) Меланија соопштила дека започнува кампања:Трамп слушал од првиот ред, а потоа и пришол и…

Првата дама на САД, Меланија Трамп, ја покренала кампањата „Биди најдобар“ која за цел има на децата да им се укаже на важноста на друштвеноста, емотивното и физичкото здравје.
Иницијативата е усмерена кон промовирањето на здравиот начин на живот, користењето на социјалните мрежи на позитивен начин и борбата против злоупотребата на опиодите, рекла Меланија Трамп.


„Морален императив на нашата генерација е да преземе одговорност и да им помогне на децата“ истакнала сопругата на американскиот претседател.
Агенциите тврдат дека Доналд Трамп ја поддржал кампањата на својата сопруга и дека на крај на говорот ја бакнал во образ.
Говорот на сопругата Трамп го нарекол „прекрасен и искрен“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …