Глумицата Сара Џесика Паркер (53) се појавила во впечатлив златен фустан со црвени детали. На главата носела огромна „инсталација“ која според многумина бил врв на кичот на вечерта…
Синоќа многу ѕвезди прошетале по „Мет гала“ во њујоршкиот Метрополиен Музеј на уметноста. Годинешната тема на,најважниот моден настан кој ги поместува границите во облекувањето, била „Вселенски тела – модата и католичката фантазија“. Како и секоја година на црвениот тепих, имало, според мислењето на стручњаците, големи гафови.
Пејачката Ријана (30) пристигнала во аутфит на сребрено-бела боја, а на главата имала капа инспирирана од капата на папата.
„Папата дојде на забава“ коментирале нејзините обожаватели, додека некои заклучиле дека отишла „предалеку“ и се облекла премногу невкусно.
Домаќинка на галата, Амал Аламудин Клуни (40) се појавила во необична комбинација на дизајнерот Ричард Квин, која, судејќи според коментарите на фановите ги разочарала обожавателите. До неа во придружба бил нејзиниот сопруг, глумецот, Џорџ Клуни (57).
„Амал е високо на листата да освои награда за најлошо обечена жена на вечерта“ се некои од коментарите на социјалните мрежи.
Пејачката Кети Пери на црвениот тепих вшетала во златен фустан со огромни ангелски крила. Со неа, во придружба, бил нејзиниот дечко Орландо Блум (41).
Додека минувала низ мноштвото луѓе, Кети за малку ќе соборела една гостинка која минувала покрај неа, а снимката се појавила и на социјалните мрежи.
Katy Perry can hit me with her angel wing any day #metgala pic.twitter.com/2KXOvTR3Vb
— Eleanor (@katysprismlight) May 8, 2018
Глумицата Сара Џесика Паркер (53) се појавила во впечатлив златен фустан со црвени детали. На главата носела огромна „инсталација“ која според многумина била врв на кичот на вечерта.