(ВИДЕО+ФОТО) Брутално – „Масакр на кино благајните“: И’ новите „Војни“ ќе заработат свирепо

Осмата епизода од серијалот „Последниот Џедај“ на крај ќе ни покаже како изгледаат последиците од будењето на Силата.А, една од нив сигурно е неверојатниот приход на овој филм…
Кога продуцентите ќе видат какви биле заработувачките на филмовите во текот на 2017. година сигурно дека не се премногу задоволни. Иако многу филмови минале сосема добро, многу голем број на филмови во кои мноугмина имале надеж не само што не заработиле добро, туку многу лошо „ги книжеле“ доларите.
Но, сепак, има студио кое од почетокот на годината е во плус,а ваков крај може само да ги воодушеви. Станува збор за „Дизни“ и неговата „кокошка која носи златни јајца“, Лукасфилм и нивната франшиза „Војна на ѕвездите“. Годинешното дело од таа франшиза, „Војна на ѕвездите: Последниот Џедај“ во кината е од минатиот четврток и веќе сега е сосема јасно дека без проблем би можел да стане милијардерски филм.
Само во американските кина филмот успеал да заработи скоро 220. милиони долари, што е само „неколку милиони’ зад 247. милиони кои ги заработил „Војна на ѕвездите: Силата се буди“. Ако кон таа заработка ги додадеме оние 230. милиони од другите пазари, добиваме импресивна заработувачка од 450. милиони. Но, најдоброто допрва доаѓа бидејќи филмот сеуште не тргнал со прикажување во Кина, каде се очекува доста голема заработувачка бидејќи кинеските гледачи се веќе запознаени со франшизата.


Осмата епизода во серијалот, „Последниот Џедај“ ќе ни ги покаже последиците од будењето на Силата, така што во главните улоги повторно можеме да ги видиме Дејси Ридли, Адам Драјвер, Џон Боега, Оскар Исак, Ендис Серкис како Снуки покрај оригиналните глумци од првата трилогија, Марк Хамил и починатата Кери Фишер.
„Војна на ѕвездите:Последниот Џедај“ моментално се прикажува во сите подобри кина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

SoundEdge објавија две нови песни

Музиката што долго време лебдеше во воздухот на SoundEdge студиото, што излегуваше и влегуваше од …