(ФОТО) Скандинавската трилер серија „Мост“ од вторник во 22:15 на МТВ 1

Една од најпознатите скандинавски серии започнува на првиот канал на Македонската телевизија. По неколкутте емитувани дански, шведски и норвешки крими серии на македонските телевизии, доаѓа серијата која ја нарекуваат “кралица на трилер сериите од Скандинавските земји”.
Од вторник (19 декември 2017) во 22.15 часот ќе се емитува “Мост”, серија во данско-шведска продукција со снимени 3 сезони и вкупно 30 продолженија. Во главните улоги ги гледаме скандинавските актерски имиња како Рафаел Петерсон, Софија Хелин, Даг Малмберг, Ким Бодниа, Пук Шарбау.

Содржина:Едно женско тело е откриено на мост, кој ја означува границата помеѓу Шведска и Данска, а за детективите претставува најкомплициран случај. Ова е само почеток на планот на убиецот кој себеси се нарекува терорист на вистината, и сака на властите да им ги отвори очите.


Шведската и данската полиција заеднички го решаваат случајот. Текот на истрагата покажува дека се работи не само за едно, туку за две убиства. Полицајците од двете земји очајнички се обидуваат да го пронајдат убиецот кој ги преминува сите граници на злодела за да ја пренесе својата порака. Кога сè ќе се заврши, животот на ликовите веќе нема да биде ист.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …