Сите сме се нашле во ситуација да не „погоди“ песна за несреќна љубов, па да пролееме неколку солзи! Но, дали знаевте дека тоа им се случува и на бебињата?!
Снимката на која бебето внимателно ја слуша нејзината мајка додека пее, па се чини дека мелодијата ја погодила толку силно што на бебето му се насолзиле очите, ги разнежни луѓето низ целиот свет.
Десетмесечно девојче внимателно ја слуша својата мајка додека ја пее песната на Сара Еванс „My Heart Can’t Tell You No“ (Моето срце не може да ти каже не), во која се зборува за несреќна и невозвратена љубов, и се чини како бебето навистина да ги разбира зборовите на песната, и не само тоа, туку и дека многу ја погодуваат!
Погледнете го видеото што ќе сигурно ќе ве разнежни и трогне, па можеби и вам како на ова бебе ќе ви се насолзат очите:
Фото: Принтскрин/Youtube