Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека ќе има застои и нови предизвици во новата година, повикувајќи да се интензивираат напорите за да се обезбеди откривање на нови варијанти на вирусот корона.
Говорејќи на онлајн прес-конференција во Женева, Тедрос предупреди дека ќе има назадувања и нови предизвици во новата година, повикувајќи се на појава на нови видови на корона ворис, но апелираше да им се даде помош на луѓето на кои им е тешко да продолжат со борбите,затоа што им е доста од пандемијата.
Тој додаде дека СЗО тесно соработува со научници ширум светот за подобро разбирање на промените во вирусот и нивното влијание.
Во таа смисла, Тедрос ја истакна важноста од зголемување на капацитетот за геномско секвенционирање низ целиот свет, како и споделување информации со Агенцијата за здравство на ООН и други земји.
Нов вид на коронавирус, кој е откриен во Велика Британија и Јужна Африка и изгледа позаразен, предизвика загриженост низ целиот свет и доведе до воведување на нови ограничувања за патувања овој месец.
ПРОГНОЗИ НА СЗО ЗА 2021. ГОДИНА: Ево шта можеме да очекуваме кога станува збор за пандемијата!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.