(ВИДЕО) Драма во Швајцарија: Тинејџер со секира убивал луѓе на бензиска пумпа, има повредени!

Швајцарската полиција синоќа соопштила дека тинејџер (17) со секира нападнал луѓе во продавница на бензинската пумпа во Флимс во кантонот Сент Гален, на североистокот на државата, но набргу бил уапсен.


Нападот се случил во неделата навечер кога тинејџер со летонска националност со секира нападнал повеќе лица, но нивниот точен број не е наведен, пренесува AP.


Во текот на апсењето тинејџерот бил повреден, а полицијата смета дека тој нападот го извел сам и дека немало индиции дека бил поврзан со екстремисти.

Како што се наведува засега нема информации за можните мотиви за нападот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден пред 23 години се збогувавме од нашиот истакнат актер Јосиф Јосифовски

Јосиф Јосифовски бил роден во Велес на 29 август 1927 година. Актер кој долги години …