Утринските, слаби, врнежи само ја потврдуват прогнозата дека оваа недела ќе ја почувствуваме вистинската есен…
На самиот почеток од оваа недела односно од денес (понеделник) па натаму под влијание на циклонска активност ќе има промена на временската состојба кај нас односно ќе има зголемена облачност, врнежи од дожд и значително опаѓање на температурите на воздухот.
На некои места врнежите ќе бидат интензивни а можна е појава и на локална нестабилност проследена со грмежи. Според Meteomax се очекува да наврне позначително количество на воден талог.
Подгответе се за драстични промени во времето:Дождот и есента доаѓаат во Македонија
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.
ekran платформа за слободоумни