(ФОТО) Монструм од Риека: Со години ја силувал и злоставувал родената ќерка

Општинското државно обвинителство во Риека, Хрватска, покренало обвининие против маж (55) кого го товарат за физичко и сексуално инцестиозно злоставување кое траело со години

Жртвата, според досегашните сознанија, била негова ќерка, сега 32. годишна. Мажот е обвинет за седум кривични дела: по две за родоскврнување, тешки дела поради сексуална слобода, како и блудни дејствија, насилство во семејството…
Обвинителството предложило да му се продолжи истражниот затвор поради опасност од влијание на сведоците и повторување на делото.
Мажот бил сместен во затворот во Риека кон крајот на април ова година, а истрагата на крај ги потврдиле сомневањата дека несреќната 32. годишна жена била жртва низа години, дека нејзиниот татко деликтите ги направил во периодот од 2010. година до средината на март ова година.
Извори блиски на истрагата наведуваат дека низата гнасни обвиненија за кои се терети се случиле пролетта минатата година во станот во кој и двајцата живеат.
Во еден случај, според досегашните сомневања, барал ќерка му со него да се впушти во орално задоволство, а кога таа го одбила и се заканил дека нема да излезе од собата и станот.
Потоа од неа почнал насилно да ја тргнува облеката, а потоа со сила го задоволил својот сексуален нагон, а според хрватскиот закон таквиот чин се изедначувал со силување.Во една пригода додека бил пијан ја тепал.
На мажот од Риека само поради тешките кривични дела против полова слобода му се заканувал казна затвор до 15. години.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …