(ГАЛЕРИЈА) Чизмите со кои ќе бидеме опседнати оваа зима никогаш не изгледале подобро

Веќе и птиците на гранка знаат дека има некоја нераскинлива врска помеѓу жените и чевлите. Прво на што помислуваме кога ќе пристигант поладните денови е што ќе носиме наредните месеци. Секако, чизмите се на врвот на списокот со приоритети, кога станува збор за обновување на гардеробата.Еве што ќе носиме оваа зима и што може да се најде во продавниците…
Продавниците се исполнети со чизми во сите бои, облици и шари.
На оние дами кои се норужале со чизми до глужд, за оваа сезона, им предлагаме да изберат некој од актуелните модели на високи чизми кои морате да ги имате. Без оглед на тоа дали сте љубителка на класичните модели или верно ги следите трендовите, ѕирнете во нашата галерија и откријте какви чизми се нудат во продавниците но и од страна на водечките светски брендови.
Модните виртуози налагат неколку правила кон кои ќе мораме да се придржуваме при купување чизми. Пред да го изберете вашиот совршен пар проверете што ќе се носи оваа зима. Ева што налагаат трендовите:
1. Кадифени чизми
Кадифето оваа зима предизвикало вистинска експлозија. Кадифени костуми, фустани, ташни и чевли ги преплавиле продавниците, поради тоа е и вистинско чудо ако не најдете нешто за себе од овој мек и удобен материјал. Чизми до глужд од кадифе и чизмите имаат неверојатна моќ на трансформација на стајлингот, особено ако изберете висок модел над колената и со потемни бои, кои даваат доза на секси елеганција.
2. Металик чизми
Металик чизмите можеби не се најсигурен избор и секако не можеме да кажеме дека се исплаќа во нив да се инвестира, со оглед на тоа дека не станува збор за тренд кој ќе потрае неколку години, но секако е предмет во кој нема да минете незабележани.
3. Набрани чизми
Заборавениот тренд на набрани чизми повторно се вратил. Овој модел одлично се согласува со скини фармерки или кожни панталони, а ако ги прашате познатите трендсетерки како Викторија Бекам, сигурно ќе во каже да ги комбинирате со лелеави фустани и здолништа.
4. Чизми во „V“ штикла
Ретро блокот и украсените штикли одамна ги прифативме а сега е време истото да го направиме и со штиклите во обликот на „V“. Откако модната куќа Yves Saint Laurent го популаризирала овој модел, и останатите брендови одлучиле да го вклучат во своите колекции.
5. Лакирани чизми
Лакираната облека и модните додатоци исто така се голем хит оваа сезона, а иако повеќето лакирани чизми асоцираат на ефтино издание на Џулија Робертс во филмот „Убава жена“, со внимателно избрани парчиња за облекување и тоа како ќе изгледате стилски.

6. Чизми со јаки бои
За оние одважните модните трендови предлагаат јаки бои, посебно кога станува збор за чизмите. Тако повеќето се одлучуваат за проверени неутрални бои, лилаковата, црвената и розевата се дефинитивни владетелки на есента и зимата.


7. Чизми со светки
Светките се тренд кој се појавува низ годините, си оди и повторно се враќа, а иако досега главно биле резервирани за облеката, сега можеме да ги пронајдеме и на обувките, ташните и накитот. Овие чизми со светки од Топшоп по узорот на скапоцениот модел од модната куќа Yves Saint Laurent се доказ дека на минимализмот му дошол крај.
Ако случајно не најдовте нешто што ви се допаѓа, обидете се своите идеални чизми да ги пронајдете во галеријата подолу.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – Постои опасност од по силно невреме и поројни поплави

Метео прогноза на Славчо Попоски: Денес од пладневните часови на повеќе места низ Македонија Атмосферата …