Чудесија сеуште постојат: Старецот кој спасил авион со стотици луѓе е меѓу нас!


Во понеделникот, 9. октомври 2017. година, за време на утринскиот лет од Тус – Аир од Кипар до Израел, кипарскиот пилот Панајотис се онесвестил.
Десет минути пред слетувањето откажале моторите, пилотот изгубил свест и почувствувал две топли раце како ја преземаат командата и го приземјуваат авионот назад кон Ларнака.
Дваесет и двајцата еврејски патници обземени од паника викале:
“Ќе умреме, ќе умреме”.
Само еден православен архимандрит, отец Андреј од Назарет, останал мирен и молчејќи се молел на бројаницата.
Летот бил успешно завршен и пилотот дошол побожно да му ја бакне раката на архимандритот.
Бил многу потресен и упорно го повторувал истото прашање:
“Каде е Старецот што седеше покрај вас?”
Архимандритот одговорил дека никој не седел до него!
Пилот не можеше да верува на своите уши и упорно објаснувал:
“Еден низок, многу слаб старец, со бела брада кој ги држеше моите раце на управувачот, зарем не го видовте ? Тој не’ спаси!”
Тогаш архимандритот ја извадил фотографијата на старецот Ефрем Филотејски, сега Аризонски и му ја покажал на пилотот.
Пилотот останал запрепастен, препознавајќи го Старецот на фотографијата.(истиот тој кој ги спасил).
Старец Ефрем Филотејски (Аризона, Мораитис) е духовно чедо на Јосиф Исихаст кој пишуваше за својот духовен отец во прекрасната книга „Мојот живот со старецот Јосиф“.
„Можеме ли да кажеме, дека Отец Ефрем се пожртвувал себеси, преселувајќи се од Света Гора во пустината на Аризона?
Да, баш така. Тој излезе од рајот (од Света Гора) и ете сега гори во пустината. Но благодарение на тие манастири кои тој ги изградил таму, се спасуваат не илјадници туку милиони луѓе.
Бев во неговиот манастир и таму видов кинези, монголци, жители на Далечниот Север. Се сретнав таму со еден млад брачен пар со мало детенце од Индонезија, дојдени од другиот крај на светот, и ги прашав: „Вие дојдовте во Америка да работите?“
А слушнав во одговор „Не, ние дојдовме кај старец Ефрем“.
Луѓето со часови летаат со авиони, само за да го видат старец Ефрем. Тоа е пример како еден човек, кој се затворил во пештера и почнал да ја говори молитвата
„Господи Исусе Христе, помилуј ме“
кој се оддал на послушание на својот старец и почнал да се променува себеси, денеска спасува илјадници луѓе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Британска водителка открила дека има дупка во срцето, се огласила по напорната операција

Британската водителка Ема Вилис открила дека била оперирана откако дознала дека има дупка во срцето. …