(ВИДЕО) Џими Фалон запеал караоке со робот: Ова е прв човечко-роботски дует во историјата

„Сакам да пеам караоке користејќи го својот АИ глас“ му рекла на Џими и тогаш заедно ја запеале „Say something” од Кристина Агилера
Дури и ако не ја следите техниологијата и не сте некој љубител на роботиката, веројатно сте слушнале за роботот Софија која дава интервјуа за медиуми, ја тешела Ангела Меркел по испаѓањето на Германија од СП во фудбал, верувале или не, има и државјанство на Саудиска Арабија.
Софија неодамна се појавила во емисијата „The Tonight Show“ на Џими Фалон посветена токму на роботите.


Малку разговарала со популарниот водител, се пофалила со недамнешните патувања и активности и открила свој нов талент – благодарение на новата алатка базирана на вештачката интелигенција, овој робот сега може да пее и караоке.
„Сакам да пеам караоке користејќи го својот АИ глас“, му рекла на Џими и тогаш заедно ја запеале „Say something” од Кристина Агилера.
Како звучи овој дует можете да слушнете во приложениот видеозапис (од 6,55 минути) а не е тешко да се заклучи дека Софија и Џими Фалон не треба да размислуваат за музички кариери бидејќи не би оствариле никаков успех.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …