(ВИДЕО) „Дали е ова сон?“: Момче (6) не можело да поверува дека татко му се вратил од војна

Момче од Украина мислело дека сонува кога среде ноќ го разбудил неговиот татко кој се вратил од војна. Емотивниот момент го снимила мајката на момчето Аљона Березовски, која сакала да го овековечи враќањето на нејзиниот партнер Евгени Березовски.
На видеото снимено во украинскиот град Звиахел, може да се види како Станислав Березовски спие пред неговиот татко да влезе во собата и да го разбуди. Таткото и синот се прегрнале, а шестгодишното дете потоа се вратило во кревет. Кога се разбудил наутро, Станислав бил убеден дека сето тоа е сон.

@a.berezovskaya #fypage #fyp #рекомендации #україна🇺🇦 #українськийтікток #рек #топ #тіктокукраїна #глобальныерекомендации #зсу #поверненнядодому #славаукраїні #славаукраїні🇺🇦🇺🇦🇺🇦 #героямслава #тіктокукраїна #хочуврек #популярное ♬ оригинальный звук – Алёнка


„Сонував дека тато пристигна“, ѝ рекол тој на својата мајка, која потоа го води низ куќата и на момчето му станува јасно дека неговиот татко навистина се вратил. Погледнете го видеото.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …