Починала дизајнерката што го ИЗМИСЛИ МИНИ-ЗДОЛНИШТЕТО: Таа беше зачетник на денешната мода и жените ја обожаваа

Во 60-тите, Мери Квант започна тренд кој продолжи до ден-денес
Лејди Мери Квант, познатата британска дизајнерка која ја промени модната историја, починала на 93-годишна возраст. Веста за нејзината смрт ја соопштило нејзиното семејство, пренесува „The Guardian“.
– Таа утрово мирно почина во својот дом во Велика Британија. Таа беше најпрепознатливото лице во светот на модата во 20 век и иноватор кој ги помести границите – стои во објавата.
Мери Квант, британска дизајнерка и модна икона во шеесетите години, го промени ликот на светската мода со својот „изум“, мини здолништето.
– Мини здолништето им овозможи на жените да трчаат по автобусот – рекла Мери која имала интересно и крајно практично објаснување зошто решила да креира кратки здолништа.
Првото мини здолниште беше продадено во нејзиниот бутик „Базар“ во Лондон во 1963 година, а набрзо се појави и на страниците на „Вог“. Манекенката Твиги прва ја прошета на модната писта.

Мери со кратките здолништа започна револуција во досадната и мрачна мода од тоа време. Ја отвори вратата за поголема еманципација и слобода за жените кои со ентузијазам го прифатија овој модел.
И’ малцинството ја осуди Мери, а таа се бранела велејќи:
– Јас не го измислив мини здолништето, туку тоа е создадено на улиците на Лондон. Само направив поедноставна облека во која можете да одите, да скокате и да трчате. Должината ја одредуваа самите клиенти. Сукњите што ги носев беа многу кратки, а муштериите викаа пократко, пократко.
Мини здолништето не беше единственото нешто што Мери го дизајнираше, таа им понуди на жените шарени чорапи и жешки панталони.
Она што Мери Квант го направи со мини здолништето, именувано по омилениот автомобил на креаторката, „Мини“, е споредливо со шокот што Коко Шанел го предизвика со машките костуми за жени.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот праведен и многустрадален Јов

Светиот праведен и многустрадален Јов Јов беше потомок на Исав, внукот Авраамов и живееше во …