(ВИДЕО) ЧОВЕК СПАЈДЕРМЕН: Бегајќи од пожар се спуштил од 15. спрат!

Не сме ниту свесни што сме во состојба да направиме додека животот не не стави во некоја непријатна ситуација.
Така еден станар на зграда во Филаделфија, која ја зафатил пожар, борејќи се за сопствениот живот, се спуштал преку терасите на повеќекатницата од дури 15. спратови.
Огинот избил на највисокиот спрат околу 21.30 часот, вечерта, и додека сите станари биле евакуирани, еден ја преспал опасноста.
Тогаш излегол на тераса и одлучил на овој начин да се спушти на земја.


Тој се спуштал низ фасадата и терасите како да е каскадер и на тлото пристигнал без никакви повреди.
Него, додека се спуштал по фасадата го снимиле полициските камери од хелихоптер кој дошол да им помогне на пожарникарите.
Сепак, не е познато, зошто овој маж ги избрал овој ризичен начин на спасување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …