Сопругата на Вил ги покажала извајаните стомачни мускули и бронзениот тен на кој многу жени ѝ завидуваат, а не изостанала и позата на која ретко кој може да одолее и заводливата насмевка.
Сопругата на славниот актер Вил Смит, Џејда Пинкет Смит, објавила фотографија на својот Инстаграм профил на која позира во зелено бикини и предизвикала лавина од коментари.
Џејда има 47. години, а на најновата фотографија покажала дека изгледа двојно помладо. Таа позирала на јахта во бикини чиј горен дел бил во облик на листови од растение, што ја воодушевило и актерката Кејт Хадсон која напишала дека го обожува бикинито кое го носи.
Сопругата на Вил ги покажала извајаните стомачни мускули и бронзениот тен на кој многу жени ѝ завидуваат, а не изостанала и позата на која ретко кој може да одолее и заводливата насмевка.
Инаку, Џејда и Вил зад себе имаат долгогодишен брак. Познато е дека двајцата поддржуваат слободни сексуални врски – во бракот се емотивно верни еден кон друг, но се впуштаат во сексуални односи со други луѓе бидејќи наводно не се од оние кои веруваат во моногамија.
Џејда и Вил се запознале додека Вил сè уште бил во брак со првата сопруга, актерката Шер Зампино. По разводот во 1995 година, парот започнал љубовна врска. Двајцата ги имаат 18.годишната ќерка Вилоу и 21.годишниот син Џејден, а Вил го има и 26.годишниот син Треј од првиот брак со поранешната сопруга Шер.