(ВИДЕО) Познатиот глумец од „Томб Рајдер“ избоден на сцена: Мислеле дека е договорена точка!

Менаџерот на глумецот, Лестер Мо, изјавил дека Јам добил рани од бодењето во пределот на стомакот и исеченици на десната рака. „Го оперираа и не е во животна опаснст. Мотивот за нападот сеуште не е познат“, изјавил Мо…
Глумецот Сајмон Јам (64) непознат маж го избодел во стомак кого полицијата набргу го уапсила на југот на Кина.


Во кинеските медиуми се шири снимка на која Јам стои на сцена по повод отворањето на продавница во Гуангзоу, а непознат маж се залетува на него и вади нож од џебот. Неколку секунди подоцна глумецот се тетерави и се држи за стомакот а на бината доаѓаат неколку луѓе од обезбедувањето…


Мажите од публиката со неверување го гледале тоа што се случува на сцената, а некои, како што тврдат, помислиле дека станува збор за договорена точка. Сајмон после неколкуте убоди се држел за стомакот и викал дека сака да оди во болница.

Менаџерот на глумецот, Лестер Мо, изјавил дека Јам добил рани од бодењето во пределот на стомакот и исеченици на десната рака. „Го оперираа и не е во животна опаснст. Мотивот за нападот сеуште не е познат“, изјавил Мо…

Јам глумел во повеќе од 125. филмови и 40. телевизиски серии, а во Холивуд дебитирал во филмот „Томб Рајдер 2:Колевка на животот“ од 2003. година.

Во филмот го игра главниот негативец Чен Лоу кој и се спротивставува на Лара Крофт која ја отелотворува Ангелина Џоли (44).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …