(ФОТО) ИМ ТРЕБАЛЕ ТРИ ГОДИНИ: Бред и Ангелина конечно нашле заеднички јазик околу за старателството за децата!

На Ангелина Џоли и Бред Пит им требале нешто повеќе од две и пол години да се договорат околу старателството, откако прекинале една од најголемите љубов во Холивуд.
Бурниот равод кренал огромна прашина, како и валканиците околу него, што веројатно ги спречувало во тоа да пронајдат заеднички јазик и најдат најсреќно решение за своето семејство.

Како што наведуваат странските медиуми, децата летото ќе го минат со татко им на луксузен имот, додека мама ќе биде зафатена со снимање. Ова е секако голем чекор напред со оглед на тоа дека глумицата не сакала ниту да слушне за опцијата да дели било што со бившиот сопруг.

„Бред е воодушевен“, раскажал извор близок до парот, како и неговите родители кои се зажелеле за внуците.

Да потсетиме, семејството на Бред и Ангелина има шест деца – ќерките Шајло, Захара и Вивиен, како и синовите Медокс, Пакс и Нокс.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …