(ВИДЕО) Чоколадни плочки: Брзо, здраво и без печење

Сите сакаме здрави десерти… Овие чоколадни плочки се здрави но и калорични па доколку внимавате на калориите бидете претпазливи со парчињата што ќе ги изедете…
Состојки:
50 г. какао
200 г црно чоколадо
рендана коричка од два портокали
75 мл сок од портокал
150 мл мед или јаворов сируп
1 лажичка екстракт од ванила
100 г овесни снегулки
80 г лешници
80 г ореви
100 г семки од бор или боровинки (суво грозје), лешници, бадеми, ореви
80 г кокос
1 лажичка цимет
60 г брусница
малку сол
Подготовка: Овесните снегулки иситнете ги како брашно, во блендер.Во нив додајте сечкани ореви, лешници и бадеми – иситнети по ваша желба, па додајте сол, какао и цимет. Во измешаната смеса додајте ги брусниците и кокосот.Чоколадото истопете го заедно со медот или јаворовиот сируп, ванила екстракт, сок и кора од портокал. Истопената смеса додајте ја во сувите состјки и се’ убаво измешајте.
Смесата префрлете ја во калап обложен со прозирна фолија. Смесата израмнете ја и убаво притиснете и оставете во фрижидер (3 – 4 часа) да се стегне.Кога смесата ќе биде стегната сечете на плочки со сакана големина.
Детален преглед на подготовките погледнете во видеото:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата маченичка Татијана

Светата маченичка Татијана се почитува како христијанска светица и маченичка. Таа била родена во Рим …