(ВИДЕО) БРУКА – ПОРАДИ НЕГО ГОРИ АМЕРИКА: И’ пред убиството на Флојд, Шовин имал премногу пријави за кои бил само предупредуван! Шовин и Флојд работеле во ист ноќен клуб!

Службеникот Дерек Шовин во полицијата во Минеаполис работел 18 години, а потоа бил снимен како со коленото го притискал вратот на Џорџ Флојд осум минути, што ја предизвикало неговата смрт, по што бил отпуштен и обвинет.
Шовин во моментот е во максимално обезбедениот затвор Оук Парк, каде беше пренесен од безбедносни причини и да спречи ширење на вирусот корона.
Пред инцидентот, против Шовин беа поднесени 18. жалби од службите за внатрешна контрола, што било потврдено од полицијата, но тие не прецизирале зошто точно, пренесува Си-Ен-Ен.
Како што се наведува, само две од 18 жалби биле поврзани со дисциплина, а според една непрофитна организација од Минесота, Шовин добил вербални укор за „понижувачки тон“ и „навредлив јазик“.


Шест претставки од службите за внатрешна контрола биле поднесени и против поранешниот полицаец Ту Тао, кој исто така учествувал во апсењето на Флојд, од кои пет биле поврзани со дисциплина.
Другите двајца полицајци кои учествувале во апсењето на Флојд имале чисти досиеја.
Интересно е што Шовин работел и како чувар во истиот ноќен клуб како и Флојд, а како што вели сопственикот на клубот, Маја Сантамарија, можно е дека тие се познавале. Сите работат на одреден ден и можно е да им се вкрстиле патиштата“, рекла Сантамарија. Ден откако бил уапсен, сопругата на Шовин поднела барање за развод и барање за промена на презимето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата великомаченичка Ирина

Светата великомаченичка Ирина Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што …