(ВИДЕО) НЕЗАБОРАВЕНИОТ ПЕРХАН ОД ФИЛМОТ НА КУСТУРИЦА: Зошто Давор Дујмовиќ изврши самоубиство?

Актерот Давор Дујмовиќ, незаборавниот Перхан од филмот „Дом за бесење“ на Емир Кустурица, ја крена раката насебе на 31.05.1999. година. На само 30-годишна возраст, Давор го заврши животот со бесење во Ново Место, Словенија.
Улогата што случајно ја доби го одбележа неговиот краток живот. Одел во второ одделение музичко училиште и после часови одел кај неговиот татко кој работел на пазарот Маркале.


Во една прилика, тој свратил на сок во блискиот ресторан, каде биле Емир Кустурица и неговиот помошник, кои го прашаа таткото на Давор дали неговиот син може да учествува на аудицијата за филмот „Татко на службенои патување“. Тој се согласи, и се покажало дека Давор е совршен за улогата на Мирза.
Иако беше наречен голем актерски талент, тој не се запиша во Академијата за драмски уметности. Како што изјавил во 1996. година, тој никогаш не се обидел, затоа што тоа му било „глупаво после 800 часа поминати пред камерата“.
На 18-годишна возраст, тој феноменално го играше Перхан во филмот „Дом за бесење“, по што беше прогласен за еден од петте најдобри актери во Европа. Светските критичари го споредувале со Дастин Хофман. Тој се појави и во филмот на Кустурица „Подземје“, и многу други.
Во почетокот на несреќните деведесетти, од неговата околина се тврдело дека тој станал зависник од хероин. Тој неколку пати се обидел да се лекува, но неуспешно.
„Она што го донесува хероинот, не би му го посакал ниту на најлошиот непријател. На почетокот беше ‘ас сум мал, затоа сум љубопитен“, но љубопитноста во овој случај се плати со зависност“, бројни медиуми своевремено ја пренеле изјавата на Давор.


Почетокот на војната ја дочекал во родното Сараево, но по неколку месеци заминал за Белград. По завршувањето на војната, тој се преселил во Бања Лука, а потоа заминал во Словенија, кај тогашната девојка. Но, депресијата била посилна од неговата желба за живот. Тој не верувал во судбината и ја нарекувал случајност.
„Најчесто, непознати луѓе, на улица ми викаатж Мирза или Перхан. Но, бидејќи во меѓувреме играв во неколку проекти, интерпретирав многу карактери, многумина се збунуваа и кога не можеа да се сетат на кое било име, тие ми викаат – Азра“, рекол своевремено Дујмовиќ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …